Зошто образовна апликација DigiTeach

Нашата долгогодишна соработка со голем број на основни училишта, ни овозможи директна комуникација со наставниот кадар, околу предизвиците со кои најчесто се соочуваат при реализација на наставната програма и презентација на наставните содржини. Токму врз основа на нивните потреби за онлајн и класична настава, ја збогативме нашата понуда со  образовна апликација „Дигитални образовни содржини - DigiTeach“, за поддршка на наставникот при планирање и реализација на наставниот час.

DIGITEACH  образовната апликација е изработена и поделена во два дела.

-  DIGITEACH за оделенска настава т.е. од 1 до 5 одд.

-  DIGITEACH за предметна настава од 6 до 9 одд.

Дигитални наставни содржини или Образовната апликација DigiTeach, е мултимедијално и квалитетно решение кое е едноставно за употреба и вклучува однапред изготвени наставни содржини предвидени согласно националните наставни програми наложени од БРО и учебниците одобрени од МОН и е во согласност со Концептот за развивање систем за образование од далечина во основните и средни училишта во Р.С.М  изработена од МОН.

 СТАПИ ВО КОНТАКТ

+389(0)2/2401-281

ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈАТА