Лиценца за ОБРАЗОВНАТА АПЛИКАЦИЈА DIGITEACH

 

Почитувани корисници, овде можете да ја погледнете важечката лиценца за нашaта апликација.

Важноста на оваа верзија на лиценцата е со почеток од 23 ноември 2020 година.

На крајот на страницата, документот можете да го превзмете во PDF формат.

ЛИЦЕНЦА – ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАЗОВНА АПЛИКАЦИЈА

 

1.

Овој документ претставува лиценца – дозвола за користење на образовна АПЛИКАЦИЈА, која е индивидуална и интелектуална творба на нејзините автори: Горан Димитров, Горан Ѓоргјиев и Звонко Јанковски.

Авторите на АПЛИКАЦИЈАТА имаат подеднакво, ексклузивно и изрично авторско право врз неа.

Авторите настапуваат преку фирмата Друштво за промет и услуги ТРИМАКС ДОО Скопје, со седиште на бул. Кузман Јосифовски 15/6-ЛОК.1, Скопје – Аеродром, која е единствена овластена да врши дистрибуција на АПЛИКАЦИЈАТА во интелектуална сопственост на авторите.

Во компјутерската образовна АПЛИКАЦИЈА спаѓаат:

• Извршниот код на апликацијата

• Изворниот код на апликацијата (доколку со договорот за инсталација е испорачан)

• Дефинициите на базите на податоци, табелите, видеа, географски карти, фотографии и специфичните типови на податоци

•  Начинот на инсталирање, системските процедури и додатен оригинален код.

Во компјутерската програма не спаѓа софтверот кој е инсталиран заедно со неа и е неопходен за нејзино функционирање, а за кој носител на авторските права е друго лице и/или компанија. Правата за користење на оваа апликација, корисникот е должен да ги обезбеди сам и на свој трошок, во согласност со правилата кои ги поставуваат респективните носители на тие права.

Авторите го задржуваат правото да го наведуваат своето авторство во било кој дел на образовната апликација со назначување на своите имиња и/или името на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје и меѓународните ознаки за авторско право: © и/или ® или на друг соодветен начин.

Дозволата за користење – лиценцата на оваа апликација е нетрансферибилна, т.е. не може да биде пренесена на друго физичко и/или правно лице без претходна експлицитна и писмена согласност на авторите.

Дозволата за користење – лиценцата е времена, т.е. се издава за време од една година.

По истекот на една година корисникот може да ја продолжи лиценцата за период од уште една година, согласно важечките правила и услови во моментот на обновување.

Дозволата за користење на трајал верзијата е со важност од еден месец.

 

2.

Корисникот има право да ја користи оваа апликација во рамките на условите, рестрикциите и лимитите содржани во овој документ.

Со оваа дозвола корисникот не се стекнува со никаков вид на сопственост над образовната апликација, туку само го обезбедува правото на негово користење. Единствени сопственици на апликацијата се неговите автори.

Со овој документ на корисникот му се дозволува користење на апликацијата во рамките на неговите деловни и приватни потреби на интерната компјутерска мрежа.

Корисникот нема право да направи копии на апликацијата за било какви потреби или за инсталирање на други уреди за кои не е превземена истата согласно останатите услови содржани во овој документ.

Корисникот нема право да врши репродукција на кодот и негова измена и без дозвола од авторот.

Информациите од апликацијата не смеат да се користат за производство или трговија со друга компјутерска програма што во својот израз е слична во суштина.

 

3.

Корисникот нема право да ја дистрибуира апликацијата во оригинал или во копија на други правни и/или физички лица без претходна експлицитна и напишана дозвола од страна на авторите односно ТРИМАКС ДОО Скопје.

Корисникот нема друго право на копирање или репродуцирање на апликацијата, делумно или целосно, времено или трајно и независно од средствата и формата на тоа копирање.

 

4.

Доколку било кое право на авторите на апликацијата делумно или потполно биде нарушено и/или загрозено, корисникот автоматски го губи правото на користење на апликацијата и е должен да ги уништи оригиналот и сите негови копии и за тоа писмено да го извести авторот.

Доколку со кршењето на правата на авторите, а поради дејствија на корисникот, тие финансиски се оштетени, корисникот е должен таа штета да ја надополни во целост, заедно со сите други произлезени штети.

 

5.

Авторите на апликацијата гарантираат дека функциите содржани во него ќе функционираат без значителни програмски грешки.

Образовната апликација која е предмет на оваа Дозвола – лиценца за користење се дава на употреба во состојбата во која се наоѓа, без додатни гаранции.

Сите други гаранции кои можат да бидат подразбрани во поглед на соодветноста на апликацијата експлицитно се одбиваат. Во ниеден друг случај, авторите на апликацијата, ниту ТРИМАКС ДОО Скопје, нема да му бидат одговорни на корисникот или на некоја друга страна за било каков губиток или штета, директна или индиректна, консеквентна или било која друга, која би можела да произлезе од употребата на оваа апликација.

Авториите даваат подршка за инсталација и стојат на располагање за решавањето на евенуални проблеми за инсталација на софтверот.

Авторите имаат право да вршат било каква измена на апликацијата, за време на важење на лиценцата, без согласност од корисникот.

За време на важноста на лиценцата можно е да се појават одредени дополнувања и измени, со цел подобрување на функционалноста на апликацијата, а истите корисниците можат бесплатно да ги преземат.

 

6.

Апликацијата е направена врз база на наставната програма објавена од МОН на РСМ, но истата не заменува било каква официјално објавена наставна литература и служи исклучиво за помош и поедноставување при совладување на наставниот материјал.

 

 

 СТАПИ ВО КОНТАКТ

+389(0)2/2401-281

ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈАТА