Оваа апликација може да работи со и без интернет, со лесна и брза инсталација на компјутер и како поддршка на  Националната платформа за учење на далечина, Microsoft Teams и други платформи.

 

Апликативниот софтвер се инсталира на компјутер, лап топ со просечни хардверски компоненти и со оперативен систем не постар од WINDOWS  7.

Се инсталира директно од УСБ или се симнува од веб-портал.

 

Кога ќе се инсталира на компјутерот се поставува икона на десктоп екранот и со кликнување на иконата се стартува апликацијата. Се влегува во материјалот од потребното одделение и се кликнува на потребната лекција.

 

Навигацијата во самата лекција е едноставна со кликнување до пет копчиња.

 

Секоја наставна единица е составена од содржински дел со можност за интерактивно учење и дел за повторување и проверка на знаењата.

 

Содржините се гледаат на интерактивна табла, на ѕид со помош на проектор, на екранот на компјутерот или се пренесува преку платформа или интернет до учениците на нивните компјутери, таблети или паметни телефони.

 СТАПИ ВО КОНТАКТ

+389(0)2/2401-281

ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈАТА